Челниците на Милан со закана за прекубројните: Ќе дремете на трибини ако не заминете!

Медиумите од Италија пренесуваат дека сопственикот на Милан, Гери Кардинале решил да заземе цврст став, па Сантијаго Хименез, Фикајо Томори и Јусуф Фофана ќе дремат на трибини доколку не го напуштат клубот до крајот на преодниот рок.

Сантијаго Хименез, Фикајо Томори и Јусуф Фофана не се дел од плановите на „росонерите“, но на недела дена до крајот на преодниот рок, тие се уште се на „Сан Сиро“.

Сепак, како што пренесува „Газета дело Спорт“, ставот на „росонерите“ е категоричен, без простор за компромис, а истиот го потврдил и сопственикот Гери Кардинале, тројцата играчи ќе дремат на трибини доколку не заминат.

На денешната средба со новинарите, тренерот Рубен Аморим потврди дека Хименез, Томори и Фофана нема да бидат во составот доколку останат.

„Знаете дека некои играчи, дури и да останат во клубот, нема да бидат дел од тимот бидејќи тоа едноставно е невозможно. Тоа не значи дека се лоши фудбалери, напротив, тие се одлични играчи, но едноставно невозможно е во текот на неделата да работиме со 27 фудбалери. Никој нема да биде доволно подготвен, никој нема да биде задоволен. Затоа, доколку некои играчи останат, нема да бидат дел од составот“.