Комо ќе го добие Ричи на позајмица од Милан

Самуеле Ричи е на чекор од преселба од Милан во Комо, а според информациите на Tuttomercato, преговорите се во завршна фаза. Двата клуба веќе имаат постигнато принципелен договор, а останува да се даде само формална согласност за реализација на трансферот.
Италијанскиот репрезентативец би заминал во Комо на позајмица, за која клубот би платил два милиони евра. Во договорот ќе има и опција за откуп вредна 22 милиони евра, плус дополнителен еден милион евра низ бонуси.
Со оваа формула, вкупната вредност на трансферот може да достигне околу 25 милиони евра, што е приближно сумата која Милан ја бараше за својот играч. Се очекува трансферот да биде официјализиран во наредните денови. Ричи би бил уште едно значајно засилување за амбициозниот Комо, кој продолжува активно да го гради тимот за новата сезона во Серија А.