Кили Гонзалез нов тренер на Интер Мајами

Актуелниот првак во американската МЛС лига, Интер Мајами, чиј дрес го носи Аргентинецот Лионел Меси, го назначи неговиот сонародник Кристијан „Кили“ Гонзалез за нов тренер.

Гонзалез, кој потекнува од родниот град на Меси, Росарио, ќе се обиде да ја подобри лошата форма на Мајами, во која се најде тимот под водство на привремениот тренер Гилерно Хојос по паузата во МЛС лигата поради Светското првенство.

„Интер Мајами постигна договор со Кристијан Алберто „Кили“ Гонзалез, кој ќе стане нов тренер“, објави синоќа клубот.

Гонзалез во својата фудбалска кариера играше за Бока Јуниорс, Интер Милан, Валенсија, Сарагоса и Сан Лоренцо, додека за Аргентина одигра 56 натпревари помеѓу 1995 и 2005 година.

Тренерската кариера ја почна во 2020 година, предводејќи три аргентински клуба: Росарио Централ, Унион и Платензе.

Мајами загуби четири од последните пет натпревари и е второпласиран во Источната конференција, 10 бодови зад лидерот Нешвил.