Два светски рекорд на митингот од Дијамантската лига во Цирих

Бразилецот Алисон дос Сантос и Американката Масаји Расел се нови светски рекордери, откако ги урнаа планетарните рекорди на трките на 400 и 100 метри со пречки, на стадионот „Лецигрунд“ во Цирих, каде што се одржа последниот митинг од Дијамантската лига пред финалето во Брисел.
На 400 метри со пречки, Алисон дос Сантос го направи она што одамна го најавуваше и на начин за кој можеше само да сонува, победувајќи го својот најлут ривал и актуелен рекордер на Норвешка, Карстен Ворхолм, кој пред пет години го освои златниот олимписки медал во Токио со време од 45,94 секунди.
Бразилецот го подобри тој резултат за 14 стотинки, па светскиот рекорд сега изнесува 45,80. Ворхолм заврши втор, со време од 46,69.
Половина час подоцна, беше соборен уште еден светски рекорд, на 100 метри со пречки победи Масаји Расел. Делницата ја истрча со време 12,09 секунди и ја надмина Нигеријката Тоби Амусан за три стотинки, која го постави рекордот во 2022 година во Јуџин.