Астон Вила го потврди трансферот на Николас Џексон

Астон Вила го потпиша Николас Џексон од Челзи во трансфер вреден до 65 милиони фунти.

Клубот од Бирмингем веднаш ќе плати 47,5 милиони фунти за сенегалскиот напаѓач, додека дополнителни 17,5 милиони се планирани преку бонуси. На овој начин Вила го собори рекордот за дојдовни трансфери по втор пат ова лето, откако претходно му платија на Фрајбург 59,5 милиони за Јохан Манзамби.

Џексон пристигнува во Астон Вила како замена за Оли Воткинс, кој го напушта клубот и ќе ја продолжи кариерата во Ал Хилал.

Сенегалскиот репрезентативец добро го познава новиот тренер. Џексон соработуваше со Унаи Емери за време на неговиот престој во Виљареал, пред да се пресели во Челзи во јуни 2023 година.

Тој одигра 81 натпревар за лондонскиот клуб и постигна 30 гола. Минатата сезона ја помина на позајмица во Баерн Минхен, за кој постигна осум гола во 23 лигашки настапи. Џексон одигра 37 натпревари за репрезентацијата на Сенегал и постигна осум гола.

Со ова продолжува соработката помеѓу Челзи и Астон Вила ова лето. Морган Роџерс и Емилијано Мартинез заминаа за Лондон (се чека официјално соопштение), додека Алехандро Гарначо и претходно споменатиот Џексон се упатија во спротивна насока.