Синот на Робињо се договори да премине во Џенова

Џенова постигна усмен договор со Сантос за ангажман на 18-годишниот Робињо Жуниор, синот на поранешниот бразилски репрезентативец Робињо. Младиот напаѓач во италијанскиот клуб ќе пристигне на позајмица, со опција Џенова да го откупи неговиот договор.

Робињо Жуниор во моментов е во Италија, каде што ги завршува административните процедури, а во Џенова треба да ги мине и лекарските прегледи пред официјално да го комплетира трансферот.

Станува збор за офанзивен фудбалер кој може да игра на повеќе позиции во нападот. За Сантос дебитираше во сениорскиот тим во 2025 година, а сезонава има 13 настапи и еден постигнат гол.