Марк Маркез победник на спринтот во Арагон

Марк Маркез ја продолжи доминацијата во спринтерските трки во Арагон, откако третпат по ред триумфираше на „Моторланд Арагон“.
За актуелниот светски шампион ова беше 20-та победа во спринт во кариерата, а петта сезонава.
Возачот на Дукати стартуваше од втората позиција, но веднаш на првиот свиок со агресивен маневар го мина Марко Безеки и го презеде водството. Безеки потоа загуби уште една позиција, бидејќи второто место го презеде Алекс Маркез.