Ламин Камара е замената за Енцо во Челзи

Ако Енцо Фернандез направи голем трансфер во Манчестер Сити, Челzи би можел веднаш да реагира со ангажман на еден од најбараните млади играчи од Лига 1.

Според информациите, на листата на желби на „сините“ се наоѓа 22-годишниот сенегалски репрезентативец Ламин Камара, кој настапува за Монако.

Младиот играч е меѓу главните кандидати за засилување на средниот ред доколку Челzи остане без Фернандез.

Лондонскиот клуб наводно е подготвен да го продаде Аргентинецот на Манчестер Сити за сума од околу 120 милиони фунти. Дел од приходите од потенцијалниот трансфер би биле искористени за ангажман на Камара.

Челси ќе мора да одвои сериозна сума и за сенегалскиот фудбалер. Монако за неговите услуги бара меѓу 50 и 60 милиони фунти, а францускиот клуб неодамна веќе одбил понуда од 35 милиони фунти од Кристал Палас.

Интерес за Камара покажува и Ливерпул, па доколку Челси навистина реши да тргне по неговиот потпис, ќе има конкуренција во трката за младиот играч.