Прва победа на македонските ракометарки на Медитеранските игри!

Македонската женска ракометна селекција која е комбиниран состав од кадетско-младинската репрезентација, денеска го запиша првиот триумф на Медитеранските игри.

Забележавме убедлива победа со 27-21 над селекцијата на Косово. На полувремето водевме со 15-10.

Најдобра поединка во нашиот состав беше голманката Софи Бошевска која имаше дури 18 одбрани, најдобар стрелец беше Миленкоска со седум голови, Ристовска постигна пет.

Во вторник Македонија повторно ќе игра против Косово, овојпат меч за петтото место.