Бруно Фернандеш запиша хет-трик, Јунајтед го потопи Ипсвич

Бруно Фернандеш со хет-трик и асистенција го предводеше Манчестер Јунајтед до победа од 5-2 над Ипсвич.
Мечот не почна најдобро за Јунајтед, во 29. минута со гол на Дејвис, гостите дојдоа до предност од 1-0.
Но, десет минути подоцна Фернандеш израмни на 1-1. Тоа беше и резултатот од првото полувреме. Во 56. минута Гривс си постигна автогол за комплетен пресврт и водство на Манчестер Јунајтед од 2-1
Само пет минути подоцна Бруно Фернандеш реализираше пенал за водство на Јунајтед и од 3-1. Во 82. минута Фернандеш се најде во улога на асистент, додаде до Мбуемо кој постигна гол за 5-1.
До крајот на мечот Ипсвич преку Акпон успеа само да намали на 5-2.