Алкараз со победа го отвори УС Опен

По повеќе од четири месеци Карлос Алкараз му се врати на тенисот и со победа над Роман Сафиулин го почна настапот на УС Опен.

Шпанскиот тениски ас победи со максимални 3-0 во сетови, сите три беа идентични 6-4, 6-4 и 6-4.

Во второто коло Алкараз ќе игра против Фариа од Португалија кој со 3-2 беше поуспешен од Броксби.

Карлос Алкараз е втор носител на УС Опен.