Ивановски седми на Медитеранските игри на 10.000 метри

Најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски, настапи на трката на 10.000 метри на Медитеранските игри во Таранто, Италија, и го освои седмото место од десет натпреварувачи, односно девет кои ја завршија трката.

Ивановски ја истрча трката за 29:58.82, што беше доволно само за седмата позиција, додека првопласираниот Саид Амери од Алжир имаше личен рекорд од 28 минути и 31 секунда. Втор беше Мустафа Акуи од Мароко, додека на третата позиција неговиот сонародник Хичам Оулада.