Голманот на Хетафе врза 198 натпревари по ред

Голманот на Хетафе, Давид Сорија, постави рекорд во шпанското првенство за најмногу натпревари по ред одиграни како стартер, соопшти прес-службата на клубот.
Хетафе загуби со 1-0 на гостински терен од Осасуна во третото коло од Ла Лига. Ова беше 193-ти последователен настап во лигата за 33-годишниот голман, надминувајќи го поранешниот играч од средниот ред на Реал Сосиедад, Хуан Антонио Ларањага, кој имаше 192 настапи. Ларањага играше само за еден клуб во текот на својата кариера – Реал Сосиедад (1980-1994).
Серијата на Сорија започна на 13 август 2021 година. Оттогаш, 33-годишникот не пропуштил ниту еден натпревар.
Давид е производ на младинскиот систем на Реал Мадрид. Шпанецот игра за Хетафе од 2018 година. Тој одигра 306 натпревари за тимот, од кои 101 пат непримил гол.