Обамејанг „распали“ по националната федерација на Габон

Пјер-Емерик Обамејанг одлучи дефинитивно да ја заврши својата репрезентативна кариера и повеќе нема да го носи дресот на Габон.
Искусниот напаѓач, роден во Лавал, Франција, помина низ јуниорските селекции на Франција и Шпанија, но во 2009 година одлучи да го претставува Габон во сениорскиот фудбал.
Во текот на претходните години, неговиот однос со репрезентацијата, за која одигра 84 натпревари и постигна 40 гола, беше многу турбулентен.
Обамејанг се збогуваше со репрезентацијата за прв пат во 2022 година, но потоа се врати по поканата на тогашниот претседател на Габон, Али Бонг.
По Африканскиот куп на нации во 2025 година, повторно беше исфрлен од репрезентацијата, но по една година се врати во националниот тим.
Сега тој одлучи дефинитивно да стави крај на својата репрезентативна кариера, а како една од причините го наведе начинот на кој беше третиран по неговото последно учество на Африканскиот куп на нации.