Познати полуфиналистите на Европското првенство за одбојкарки

Женската одбојкарска репрезентација на Турција е последниот патник во полуфиналето на ЕП.

Турчинките ќе се сретнат со Србија во полуфиналето откако славеа над Германија од 3:1, по сетови 25:18, 22:25, 25:18 и 25:22.

Најефикасна кај домаќинките беше Кубанката Мелиса Варгас со 26 поени, додека Ердем додаде 12.

Полуфиналето ќе се игра во Истанбул, во „Синан Ердем“ арената, во сабота од 18 часот.

Во второто полуфинале ќе играат Италија и Полска. Полска денеска во дуелот со Холандија славеше со 3:1 и закажа возбудливо полуфинале со Италијанките.