Каваи Ленард се сели во дресот на Торонто

Каваи Ленард се очекува да потпише нов договор со Торонто Репторс по враќањето во клубот.

Според информациите на Шамс Чаранија, Торонто и Лос Анџелес Клиперс веќе разговарале за реализација на трејдот. Договорот се очекува да биде финализиран наскоро.

Ленард потоа би требало да потпише продолжување на соработката со Репторс. За 35-годишниот кошаркар тоа би можело да биде и последниот голем договор во кариерата.

Во моментов тој има договор со Клиперс до крајот на сезоната 2026/27.