Лука Модриќ одлучи да продолжи да игра за Хрватска

Сите очекуваа дека Светското првенство ќе биде последниот настап на Лука Модриќ за хрватската репрезентација, но тоа не е така.

„РТЛ“ објавува дека Модриќ ќе биде дел списокот на Славен Билиќ за престојните натпревари од Лигата на нации.

Очигледно Модриќ одлучил додека е активен фудбалер да настапува и за Хрватска. Нема да ја напушти порано од клупската кариера.

Модриќ досега има одиграно 202 натпревари за Хрватска и е фудбалерот со најмногу настапи за оваа земја.