Бензема се сели во Премиер лигата

Карим Бензема е без клуб од почетокот на неделава, откако го раскина договорот со саудискиот Ал Хилал.
Поранешниот француски репрезентативец сега бара нов ангажман, а за него би можеле да се заинтересираат и клубови од англиската Премиер лига.
Бензема го напушти Ал Хилал само шест месеци откако пристигна од ривалскиот Ал Итихад.
Иако на 16 натпревари постигна 10 гола, клубот немал намера да го пријави за новата сезона.
Според информациите од Саудиска Арабија, 38-годишниот напаѓач не се вклопувал во плановите на тренерот Симоне Инзаги и немал загарантирано место во првиот состав.
Поради тоа, Бензема побарал да си замине, а Ал Хилал се согласил на раскин на договорот без обесштетување.