Ливерпул по седумнаесет години го смени клупскиот спонзор

Ливерпул објави промена во спонзорството на дресовите по 17 години соработка со Стандард Чартерд. Според прес-службата на англискиот клуб, „Туркиш ерлајнс“ ќе стане нов спонзор на дресовите на тимот, почнувајќи од 1 јули 2027 година.
Логото на авиокомпанијата ќе се појави на дресовите на машките, женските и младинските тимови на Ливерпул. „Стандард Чартерд“, кој соработува со клубот од 2010 година, исто така ќе го продолжи своето партнерство со тимот од „Енфилд“.
Според информациите на „Атлетик“ и „Тајмс“, договорот е потпишан на пет години и вреди повеќе од 300 милиони фунти, односно над 60 милиони фунти по сезона. Со тоа Ливерпул ќе има највреден договор за спонзор на предната страна од дресот во историјата на Премиерлигата.
„Стандард Чартерд“ беше главен партнер на Ливерпул од 2010 година и досега му плаќаше околу 50 милиони фунти годишно. Банката, сепак, нема целосно да го напушти клубот и од сезоната 2027/28 ќе продолжи како глобален партнер.