АЕК Атина и Астон Вила со победа ја отворија ЛШ

Астон Вила и АЕК Атина со победи ја почнаа новата сезона в о Лигата на шампионите. МекГин го постигна првиот гол сезонава во групната фаза во Лигата на шампионите кога во 11. минута го отвори резултатот по асистенција на Пау Торес.
Бриж веднаш се врати, само по осум минути откако Ветлесен успеа да погоди за израмнување.
Сепак, „ремито“ траеше само три минути, Буендија успеа да донесе нова предност за англискиот тим. Никлас Џексон во 43. минута од средбата ја зголеми предноста на 3:1, по огромниот кикс на искусниот голман Јан Зомер.
Но, Бриж одново се врати во средбата. Во 61. минута беше покажан пенал, кој успешно го реализираше Тресолди, и намали повторно на еден разлика.
АЕК Атина со спектакуларен гол на Разван Марин во 21. минута успеа да ги освои бодовите против ЛАСК Линц. Романецот од слободен удар ја „скина пајажината“ од голот на Австријците, и тој гол беше доволен за победа. Во вториот дел стрелаше и Јовиќ, меѓутоа неговиот погодок беше поништен поради офсајд по преглед на ВАР снимката.