Авелино пред големо засилување, Хамес доаѓа во Серија Б

Хамес Родригез е многу блиску до нов ангажман, а неговата следна дестинација би можела да биде италијанската Серија Б. Според информациите на „Марка“, колумбискиот фудбалер е во напредни преговори со Авелино, каде што тренер е легендарниот Алесандро Неста.
Хамес во моментов е слободен агент, а двете страни веќе ги започнале разговорите за соработка. Неста лично разговарал со искусниот плејмејкер и, според информациите, нивните ставови се многу блиски. Останува да се усогласат финансиските детали, по што трансферот би можел да биде официјализиран.
Колумбиецот неодамна го напушти Минесота Јунајтед, а во текот на летниот преоден рок беше поврзуван со неколку клубови. Бидејќи е без клуб, Родригез може да потпише за нова екипа и по затворањето на преодниот рок во повеќето европски лиги.
Авелино моментално се наоѓа на петтото место во Серија Б, со три бода помалку од лидерот Палермо. Доколку успее да го доведе Хамес, клубот би добил значајно засилување во обидот да се избори за пласман во Серија А.
За Хамес Родригез, пак, трансферот би претставувал ново поглавје во кариерата која го однесе до најголемите европски клубови, меѓу кои и Реал Мадрид.