Мекалистер најави заминување од Ливерпул

Нова сезона, нов тренер и нова ситуација за Алексис Мекалистер. Репрезентативецот на Аргентина не личи на играчот од претходните сезони и призна дека има траги на незадоволство поради новиот договор.
Аргентинецот започна од клупата во премиерниот натпревар против Њукасл, а беше стартер против Нотингем и Ипсвич. Но, она што не му се допаѓа е што клубот беше спремен да го продаде. И следствено, недостатокот на понуда за нов договор.
„Добив информации дека клубот не е во позиција да ми понуди нов договор, што ме растажи. Сите можеа да видат дека давам 100 отсто за клубот секој ден и на тренинзите и на натпреварите. Можам да имам добри и лоши натпревари, но секогаш давам се од себе“, рече Мекалистер.
Од друга страна, колегите играчи од средниот ред Рајан Гравенберг и Доминик Собослај добија нови договори. Тоа е показател дека тие се малку поважни за Ливерпул од аргентинскиот репрезентативец.
„Гледам дека Доминик и Рајан добија нови договори и тоа ме направи многу среќен, бидејќи го заслужија тоа. Но, во исто време сум тажен, бидејќи за мене немаше нов договор“.
МекАлистер дојде во Ливерпул во 2023 година од Брајтон за 42 милиони евра. Во овие три години, тој одигра 151 натпревар во Ливерпул и постигна 19 гола и запиша 20 асистенции, и сигурно беше еден од најзаслужните за титулата во 2025 година.