Рибакина е нов светски рекет број еден

Казахстанската тенисерка Елена Рибакина се пласираше во полуфиналето на Отвореното првенство на САД и од понеделник ќе биде првата тенисерка на ВТА листата.
Рибакина ја победи Жинвен Женг во четвртфиналето со резултат 3:6, 6-1, 6-4 за два часа и 14 минути.
Казахстанската тенисерка никогаш во кариерата не била рангирана на првото место на ВТА листата, а досега освоила два Гренд слем турнири, Вимблдон во 2022 година и Отвореното првенство на Австралија оваа година.
Рибакина за прв пат се пласираше меѓу првите четири на Гренд слем турнирот во Њујорк, а нејзина следна противничка ќе биде победничката од натпреварот помеѓу Коко Гоф и Мира Андреева.
Арина Сабаленка и Џесика Пегула ќе се сретнат во првото полуфинале на Отвореното првенство на САД.