Зверев моќно во полуфиналето на УС Опен

Германскиот тенисер Александар Зверев ноќеска го победи Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп во четвртфиналето на Отвореното првенство на САД со 6-2, 7-5 и 6-1.
Мечот траеше 2 часа и 18 минути.
Дваесет и деветгодишниот Германец сервираше осум аса, направи седум двојни грешки и реализираше шест од девет брејк топки. Неговиот противник сервираше седум аса, направи три двојни грешки и не реализира ниту една од двете брејк топки.
Во полуфиналето, Зверев кој е втор на светската ранг-листа ќе се соочи со Русинот Карен Хачанов.
Во другото полуфинале ќе играат Американците, Бен Шелтон и Френсис Тиафо.