Синот на Кими Раиконен потпиша за Ред Бул

Името Раиконен повторно е дел од патот кон Формула 1. Робин Раиконен,

11-годишниот син на поранешниот светски шампион Кими Раиконен стана член на академијата на Ред Бул за развој на млади возачи.

Младиот Робин од најрана возраст е во светот на картингот, а досега веќе успеа да забележи резултати и на меѓународната сцена.

Неговите настапи и потенцијал биле доволни за да го привлечат вниманието на Ред Бул, кој сега ќе се грижи за неговиот понатамошен развој.

Кими Раиконен ја освои титулата во Формула 1 во 2007 година. Во богатата кариера, која траеше од 2001 до 2021 година, Финецот оствари 21 победа и дури 103 пласмани на подиумот.