Нов договор за Адвокат, ќе продолжи да го води Курасао

Репрезентацијата на Курасао на холанѓанецот Дик Адвокат и му даде нов договор.
Адвокат има полни 79 години но на инсистирање на федерацијата на Курасао, тој и натаму ќе биде нивен кормилар.
Па така, бидејќи договорот секако ќе е повеќегодишен тој ќе биде селектор и во деветтата деценија од животот.
Наскоро оваа селекција ја стартува Конкакаф Лигата на Нации со Костарика, Никарагва и тринидад и Тобаго.