Окан Бурук „грми“ по судиите и ВАР-собата за одлуките во Лисабон

Тренерот на фудбалерите на Галатасарај, Окан Бурук, изрази незадоволство од судиската екипа предводена од Еспен Ескас по поразот од Спортинг Лисабон во меч од Лигата на шампионите.

„Постигнавме рано гол и ја контролиравме топката и играта. Создававме шанси и ги притискавме на нивната половина. Сè одеше добро, но нивниот единствен удар во рамките на голот резултираше со израмнување“ – коментираше Бурук.

„Добро го почнавме и второто полувреме. Но, пеналот, се жалиме на такви работи во Турција а еве тука норвешки судија. Не покажа црвен картон кога требаше а досуди непостоечки пенал – тоа го скрши духот на нашиот тим“ – потенцираше тренерот на Галатасарај.