Деко: Гордон е профил на фудбалер како што му треба на Барса

Спортскиот директор на Барселона, Деко, објасни зошто Каталонците го купија Ентони Гордон и се откажаа од услугите на Маркус Рашфорд кој мораше да се врати во Манчестер Јунајтед откако му заврши позајмицата.
„Ние сме му благодарни на Рашфорд. Тој придонесе многу во изминатата сезона но, нашата идеја за игра е многу повеќе поврзана со Ентони. Неговиот стил се вклопува со тоа што го бара тренерот.
Имаме јасна претстава што бараме. Една од областите во кои се мачевме минатата сезона, без Рафиња, беше тоа што енергијата на тимот опадна. Ни требаше поголем интензитет“, рече функционерот на Каталонците.