Еден меч неиграње за Влаховиќ по конфликтот со Шкриниар

Голгетерот на Бешикташ, Душан Влаховиќ, заработи суспензија од еден натпревар поради инцидентот со словачкиот дефанзивец, Милан Шкриниар, на дербито со Фенербахче, објавија медиумите во Турција.
По прегледувањето на видео-снимките, дисциплинската комисија одлучи да го суспендира српскиот напаѓач за еден првенствен меч.
Бешикташ веднаш поднесе жалба на одлуката со надеж дека истата може да биде преиначена во парична со што Влаховиќ би можел да настапи во наредното коло.