Тренерот на Фенер поднесе изненадувачка оставка

Фенербахче е во центарот на вниманието по ремито 1-1 со Рома на почетокот од Лигата на шампионите.

Тренерот Исмаил Картал објави дека поднел оставка и дека нема да се врати во клубот, но претседателот Азиз Јилдирим веднаш објави дека искусниот стручњак ќе остане на функцијата.

Картал ја објави одлуката на прес-конференција веднаш по натпреварот со Рома.

„Вечерва поднесов оставка. Ја донесов оваа одлука за да го отворам патот за мојот клуб. Поднесов оставка додека патот беше сè уште отворен, без намера некогаш да се вратам“, рече 65-годишниот тренер.

Ова беше негов четврти мандат на клупата на Фенербахче, и како и претходниот, не траеше долго. Сегашниот започна во јули, а Картал успеа да го воведе тимот во лигашката фаза од Лигата на шампионите.

Сепак, резултатите во домашното првенство не беа на очекуваното ниво. Фенербахче победи двапати во првите четири кола, додека минатиот викенд беа поразени од градскиот ривал Бешикташ.

Дополнителна тензија предизвика инцидент за време на натпреварот со Рома. Еден навивач фрли шише кон Картал и го погоди во главата.