Норис по третпат во сезонава најбрз во квалификациите

Возачот во Формула 1, Ландо Норис, ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Шпанија која ќе се вози во Мадрид.

Од првиот ред ќе започне и Андреа Кими Антонели од Мерцедес додека вториот е резервиран за Макс Ферстапен и Луис Хамилтон. Потоа доаѓаат Шарл Леклер, Џорџ Расел, Оскар Пјастри, Лиам Лосон, Франко Колапинто и Арвид Линдблад.

Утрешната трка на Пиринеите во така наречениот – „циркус на тркала“, ќе започне во 15.00 часот.