Марк Вилијамс сериозно се повреди, голем проблем за Феникс Санс

Феникс остана без Марк Вилијамс на подолг период, откако центарот заработи тешка повреда на левото рамо за време на еден од индивидуалните тренинзи во пресрет на новата сезона.
Вилијамс го повреди левото рамо, поради што во четвртокот беше подложен на операција, која успешно помина.
Според информациите на Шамс Чаранија, 24-годишниот центар се повредил за време на тренингот, а засега нема прецизна проценка кога би можел да се врати на терените.