Марк Маркез победи на Големата награда на Сан Марино

Ducati Lenovo Team’s Spanish rider Marc Marquez competes during the San Marino Moto GP Grand Prix at the Misano World Circuit Marco Simoncelli, in Misano Adriatico, northern Italy on September 13, 2026.,Image: 1134203142, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no , Credit line: Andreas SOLARO / AFP / Profimedia

Марк Маркез триумфира на Големата награда на Сан Марино во Мото ГП и за првпат сезонава го презеде врвот во генералниот пласман.

Возачот на Дукати стигна до петтата победа сезонава, а на патеката „Мизано“ зад него заврши неговиот брат Алекс Маркез, со што двајцата го комплетираа првиот двоен успех за браќата во 2026 година.

Третото место му припадна на Педро Акоста, кој до подиумот стигна по одличната трка и повеќе претекнувања во текот на 27-те круга.

Трката започна со водство на Марко Безеки, кој стартуваше од пол-позицијата, но Италијанецот падна уште во првиот круг и ја заврши трката.

Во продолжението следуваше голема борба за водството. Хорхе Мартин во еден момент го презеде првото место од Маркез, но шпанскиот ас брзо одговори и повторно се врати на челната позиција.

До крајот Марк Маркез успеа да го задржи водството пред својот брат и заслужено стигна до нов триумф.