Јаник Синер ризикува оперативен зафат

Италијанскиот тенисер Јаник Синер продолжува со рехабилитацијата по повредата на десното колено, поради која е надвор од терените од Вимблдон, а неговото враќање на турнирите сè уште е неизвесно.
Првиот тенисер на светот во саботата присуствувал на модната ревија на „Гучи“ во Милано, по што директно заминал на клиниката „Ла Мадонина“ за дополнителни прегледи на повреденото колено.
Синер се обидува проблемот да го надмине со одмор, физиотерапија и интензивна работа на мускулатурата на колковите и глутеусот. Целта е да се намалат болките и да се овозможи што побрзо враќање на теренот.
Синер најверојатно ќе го откаже и настапот на мастерс-турнирот во Шангај, кој треба да се одржи од 7 до 18 октомври.