„Петар Милошевски“ со оптимална трева ќе ја пречека У21 селекцијата

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година на убав терен ќе ја пречека селекцијата на Црна Гора во натпревар од квалификациите за Европското првенство.

Во четврток од 18 часот Македонија У21 ќе ги пречека врсниците од Црна Гора. Се стравуваше дека овој меч ќе се игра на лош терен, бидејќи до неодамна тој беше во катастрофална состојба.

Теренот претрпе штета за време на концертот на Здравко Чолиќ, но институциите во Битола се фатија за работа и успешно ја завршија мисијата за обнова на тревната површина.

Условите ќе бидат нормални за престојниот меч на кој Александар Таневски ќе дебитира како селектор на нашата млада селекција.

За овој натпревар вратите ќе бидат отворени, па сите љубители на фудбалот ќе можат бесплатно да присуствуваат на стадионот и да им дадат поддршка на надежите.