Рома одлучи да гради нов стадион

Рома направи голем чекор кон изградбата на свој стадион, откако надлежната комисија даде позитивно мислење за проектот во римската населба Пјетралата, со што заврши клучен дел од процесот на одобрување. За клуб чии навивачи со години чекаат нов дом, одлуката претставува најконкретен потег досега, иако градежните работи сè уште не се започнати.
Новиот стадион треба да прими повеќе од 60.000 гледачи, додека за познатата јужна трибина се планирани речиси 23.000 седишта. Вкупната вредност на проектот надминува една милијарда евра, а јавните простори, парковите и уредувањето на околната на тој дел од градот.
Во соопштението, Рома го нарече овој чекор историски и им се заблагодари на навивачите кои со години ја поддржуваат идејата за клупски стадион.
Рома сега се соочува со развој на детален проект, проследен со проверки и процедури за извршување на работите. Градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери, објави дека целта е изградбата да започне напролет 2027 година, кога клубот ќе го прослави својот 100-ти роденден, додека крајот на 2029 година се споменува како можен датум за завршување.
Новиот дом на Рома би можел да биде и меѓу стадионите каде што ќе се игра Европското првенство во 2032 година, чии домаќини ќе бидат Италија и Турција. Дотогаш, клубот продолжува да игра на познатиот Олимпико, кој го дели со својот најголем ривал – Лацио.