Мартин Томовски фантастичен за победа на Битигхајм

Македонскиот ракометен голман со фантастична партија за својот Битигхајм и за победа на гости кај Гепингем со 25:29, во меч од 8.коло во Бундес лигата.
Томовски имаше 13 одбрани со што докажа дека е во страшна форма.
Втора победа за Мартин Томовски и неговите соиграчи и втора победа на гости.
По овој меч, Битигхајм е на 15.место на табелата со што побегна од опасната зона.