Џерард сака ригорозна казна за Сити

Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, побара строги санкции против Манчестер Сити откако независната комисија го прогласи клубпт за виновен, поради наводни финансиски неправилности помеѓу 2009 и 2018 година.

Легендарниот „Стиви Џи“ изјави дека казната мора да биде доволно строга за да служи како пример за во иднина.

Премиер лигата ги обвинува „граѓаните“ за кршење на финансиските правила, а конечната одлука за евентуални санкции се очекува по завршувањето на судската постапка.

Управата на Манчестер Сити ги негира обвинувањата и ги оспорува заклучоците на независната комисија.

Во наведениот период, Сити освои четири титули во англиската лига, а една од можните последици од постапката, во зависност од конечната одлука, е одземање на освоените трофеи.

Случајот има посебно значење за Џерард, кој беше блиску до освојување на Премиер лигата со Ливерпул во сезоната 2013/2014.

Тимот од „Енфилд“ имаше предност во финишот на сезоната, но се потклекна во одлучувачките моменти, па титулата му припадна на Манчестер Сити.