Габија сериозно повреден, Милан без дефанзивецот до крајот на годината

Фудбалерот на Милан, Матео Габија, ќе мора да паузира до крајот на годинава, најавија дел од медиумите на „чизмата“.

Дефанзивецот на „росонерите“ на мечот со Сасуоло во Серија А заработи повреда на левиот бут со делумно кинење на тетивата.

Италијанецот кој го напушти теренот на носилки, денеска ќе оди на детални медицински прегледи.