Лисандро Мартинез самокритичен за лошите резултати на Јунајтед

Лисандро Мартинез отворено го критикуваше раководството на Манчестер Јунајтед по поразот од Атлетико Мадрид (0:2) во Лигата на шампионите, посочувајќи дека клубот морал повеќе да инвестира во засилувања за тимот да може да се натпреварува на највисоко ниво. Аргентинскиот дефанзивец не го криеше разочарувањето по натпреварот во Мадрид, нагласувајќи дека проблемите на англискиот гигант не треба да се бараат само кај тренерот и фудбалерите.

„Беше навистина лошо, навистина лошо. Морам многу да се контролирам, но понекогаш ова е одраз на состојбата во нашиот клуб. Очекувавме повеќе од раководството, да донесе повеќе играчи за да можеме да се натпреваруваме, бидејќи и другите екипи значително се засилија“, изјави Мартинез.

Дефанзивецот директно го посочи и спортскиот директор Џејсон Вилкокс, од кого очекувал поголема активност на трансфер-пазарот.

„Очекував повеќе, 100 проценти. Очекував повеќе од нашиот спортски директор. Морам да бидам искрен. И ние како играчи треба да дадеме повеќе, но важно е да се изгради силен состав кој ќе биде подготвен за вакви натпревари“, порача Аргентинецот.