Брегалница во последната секунда стигна до победа во Гостивар

Арсими и Брегалница одиграа исклучително ефикасен натпревар кој го добија штипјани со 4-3, победничкиот гол го постигна Натаниел во судиското продолжение.

Домаќините први се израдуваа на погодок, тоа се случи во 22. минута кога Рамадани шутираше од далечина, Филевски одбрани, топката дојде до Кеба кој ја смести во мрежата на Брегалница за водство на Арсими од 1-0.

Осум минути подоцна Коцев израмни на 1-1, а на пет минути пред крајот на првото полувреме погоди и Глигоров за комплетен пресврт и водство на Брегалница со 2-1. Со тој резултат се замина на одморот.

По седум минути игра во вториот дел Велковски погоди со глава за водство на Брегалница од 3-1, но Арсими немаше намера да се предаде.

Во 59. минута Гони намали на 2-3, а пет минути подоцна Рамадани постигна гол за израмнување, 3-3.

Како одминуваше времето, се поизвесно беше дека ќе нема победник на овој натпревар, но во 92. минута нововлезениот Натаниел даде гол за победа на Брегалница од 4-3.