Саша Илиќ си замина од Партизан

Саша Илиќ дефинитивно повеќе не е тренер на Фудбалскиот клуб Партизан, објавија српските медиуми.
Поранешниот капитен на црно-белите одлучи да го заврши својот мандат на клупата на клубот каде што остави длабока трага како играч, и покрај обидите на раководството да го убеди повторно да размисли пред да го направи конечниот потег, неофицијално дознава „Моцарт Спорт“.
Разделбата следеше по поразот од 0:2 против Чукарички, што дополнително ја продлабочи кризата во клубот. Тоа беше седми неуспех на Партизан во 11-от натпревар во тековното издание на Суперлигата на Србија, а по уште еден удар, Илиќ одлучи да замине од функцијата.
Според неофицијалните информации што ги објавија медиумте, во претходните денови постоеше можност одлуката за заминување да се одложи. Илиќ го одложи конечниот исход во два наврати, но овој пат не сакаше да ја продолжи неизвесноста, па соработката со црно-белите заврши.