ФИФА заработила рекордна сума од продажба на билети за СП 2026

Светската фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека од продажба на билети за Светското првенство (СП) во 2026 година заработила околу пет милијарди долари.
Овој износ е дури пет пати поголем во споредба со претходниот Мундијал, а интересно е тоа што ја надминал и првичната проценка на ФИФА.
„Тајмс“ објави дека проценката на светската куќа на фудбалот била 3,3 милијарди долари, меѓутоа на крајот сумата достигнала дури пет милијарди.
ФИФА од организација на Мундијалот во Катар во 2022 година заработи „само“ 929 милиони долари.