Пол Пирс пред банкрот

Поранешниот кошаркар во НБА-лигата, Пол Пирс во текот на кариерата заработи 195 милиони долари од договори, но денес се соочува со сериозни проблеми.

Судските документи покажуваат дека неговите трошоци месечно достигнуваат до 96.000 долари, а неговите адвокати тврдат дека тој нема доволно приходни за редовно да ги покрие обврските.

По завршувањето на кариерата следеле и проблемите, па така Пирс месечно издвојува околу 28.000 долари за издршка на децата и дополнителни 20.000 долари за поранешната сопруга. За останатите животни трошоци наведува дека му се потребни уште околу 48.000 долари.

Дополнителен удар за неговите приходи беше заминувањето и од телевизиската куќа „Фокс Спортс“, каде што работеше како аналитичар.

Пирс помина 19 сезони во НБА, од кои дури 15 со Бостон Селтикс. Во 2008 година ја освои шампионската титула, а беше прогласен и за најкорисен играч на финалната серија.