Седум земји во трка за организација на ОИ во 2036 година

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) го потврди списокот на седум држави кои изразиле интерес за организација на Летните олимписки игри во 2036 година.
Меѓу потенцијалните домаќини се наоѓаат Германија, Унгарија, Индија, Катар, Јужна Африка, Турција и Јужна Кореја.
Дел од земјите во трката влегоа со по два предлога за градови домаќини. Германија ги кандидираше Минхен и Берлин, додека Јужна Кореја ги предложи Сеул и провинцијата Северна Џола.
Останатите држави засега имаат по еден фаворит: Будимпешта од Унгарија, Ахмедабад од Индија, Доха од Катар, Дурбан од Јужна Африка и Истанбул од Турција.
Процесот за избор на организатор допрва ќе влезе во следната фаза. Во текот на ноември потенцијалните кандидати ќе имаат виртуелни презентации пред Комисијата на МОК за идни домаќини.