Лазаров: Ни треба сериозен пристап со Грција

Репрезентацијата на Македонијае во Грција каде ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се одржи во 2028 година.
Селекторот Кирил Лазаров е свесен за важноста на мечот.
„Не очекува пеколен меч, една одлична репрезентација која во баражот за Светското првенство ја мина Холандија Ќе пристапиме сериозно, треба да бидеме спремни на се. Мора да имаме контрола. Можни се многу ситуации и сценарија, спортски пред се, мора психолошки да ја подготвиме екипата за овој меч. Важен ми е пристапот и како ќе играме. Треба да држиме темпо како и со Луксембург.“, изјави Лазаров.
Натпреварот помеѓу Грција и Македонија се игра во недела од 16:00 часот. Во првото коло нашиот национален тим го победи Луксембург, а Грците загубија од Швеѓаните.