Одлично второ полувреме, Еурофарм Пелистер го надигра Тиквеш

Еурофарм Пелистер на Лино Червар лесно го надигра Тиквеш со 37-26 во првиот натпревар од 10. коло на Суперлигата. Битолскиот тим ја забележа осмата победа во Суперлигата со доста доминантно, но и рутинско издание, бидејќи гостите од Кавадарци не може да го следат темпото во второто полувреме.Иако парираа во првото кое заврши со резултат 17-14, фаворитот нагази на педалот за гас во продолжение, па откако го засили ритамот, истиот не можеше да биде пратен од Тиквеш.

Како што одминуваше мечот, разликата константно растеше, па на крајот Еурофарм Пелистер оствари убедлива победа изразена со единаесет голови предност (37-26).Петар Атанасијевиќ со девет гола беше прво име на паркетот, Пешевски постигна шест, а четири реализации имаше Хакбарт. Најефикасен играч во гостинскиот тим беше Ончев со осум точни реализации.