Кими Антонели наскоро ќе вози за Ферари

Новиот шампион во Формула 1, Кими Антонели прашање е на време кога ќе вози за  Ферари смета поранешниот шеф на Хас, Гинтер Штајнер.

Иако Антонели има договор со Мерцедес до крајот на 2027 година и веќе се започнати преговори за нов договор.

„Како Италијанец со таков талент, нема дилеми дека ќе заврши во Ферари. Кими ако сака може уште утре да се пресели во тимот од Маранело“, вели Штајнер кој нема дилеми дека 20-годишниот Антонели нема да остане на само една титула во Формула 1.