Без голови во првиот натпревар на У17 селекцијата против Црна Гора

Репрезентацијата на Македонија до 16 години на дуелот против Црна Гора играше без победник 0:0.
Натпреварот се играше на теренот во тренинг кампот на ФК Будуќност во Подгорица, а во текот на деведесет минути и двете селекции имаа по неколку можности да стигнат до погодок. Според нереализираните шанси на двете страни нерешениот епилог е најреален.
Вториот контролен натпревар двете селекции ќе го одиграат в четврток со почеток во 11:00 часот.