Борусија Дортмунд откина бод кај Арсенал, ПСВ немоќен во Мадрид

Арсенал и Борусија Дортмунд одиграа без победник 1-1 во дербито во Лигата на шампионите меѓу лидерите на Премиерлигата и Бундеслигата.Реклама
Арсенал поведе со голот на Ѓокереш во 10. минута од средбата, откако прекрасно од 30 метри го совлада Кобел. Меѓутоа во 10. минута од второто полувреме израмни Баер после одлична индивидуална акција. Арсенал беше поблиску до водство до крајот на мечот, но Борусија успеа да се одбрани. Двапати англискиот тим ја погоди и стативата од голот на Германците.
Негатива имаше Реал Мадрид во првиот дел во дуелот со ПСВ од 0-1. Меѓутоа во второто полувреме целосна доминација и пет голови во мрежата на холандскиот тим, за на крај убедлив триумф на „кралевите“.
Перишиќ со гол од пенал во 32. минута донесе шокантно водство на Холанѓаните, резултат кој беше актуелен по првите 45. минути.
Но, во второто полувреме сликата целосно се промени. Така почна „шоуто“ на Реал Мадрид. Најпрво Валверде во 50. минута израмни, потоа во 60-тата Белингем донесе предност, па Мбапе четири минути подоцна донесе 3-1.
Мбапе во 84. минута зголеми на 4-1, а Винисиус три минути подоцна ги постави конечните 5-1.